Финска е најсреќната земја на светот, но староста на населението во оваа држава е она што ја загрижува тамошната влада, па поради тоа бараат работници од други држави.
Консолидацијата на пазарот на труд ќе биде централно прашање на парламентарните избори во Финска кои ќе се одржат на 14 април.
Според извештајот на државната агенција кој ги истакнува клучните предизвици во следниот период, новата влада мора да пронајде начин да ја зголеми вработеноста на 75% од сите работноспособни Финци до 2023 година.
Моменталната стапка е 72%, што одговара на целта која во 2015 година ја постави сегашниот премиер Јуха Спила и која во тоа време се сметаше за тешко достижна.
Сепак потребни се 150.000 нови работни места за северната членка на еврозоната да го одржи својот систем за социјална помош.