Спасувачките тимови во Тајланд денес ги пронајдоа 12-те момчиња и нивниот фудбалски тренер, кои пред 10 дена исчезнаа во поплавената пештера, соопшти гувернерот на провинцијата Чијанг Раи.
“Нуркачите на тајландската морнарица ги пронашле сите 13 исчезнати и сите давале знаци на живот”, изјави за медиумите гувернерот Наронгсак Осотанакорн.
Kids rescued from Thai cave: Rescue teams found all 12 boys and their coaches alive in a cave in Thailand Monday according to a high ranking person involved in the search and rescue operation. They have been missing for nine days Live updates https://t.co/XVHVmh1VBH
— Soumyajit Pattnaik (@soumyajitt) July 2, 2018
Откако 13-члената група исчезнала во пештерата Там Луанг, започнати се меѓународни напори за да се пронајде. Момчињата, на возраст од 11 од 16 години и нивниот 25-годишен тренер влегле во пештерата на 23 јуни.
Тие исчезнале по завршувањето на тренингот, а нивните велосипеди и патики биле пронајдени оставени пред пештерата.
Time's running out for boys trapped in Thai cave – CNN https://t.co/y1oFHOBMzA
— Gina ? ? (@rewe0911) July 2, 2018