Во тоа време многу внимавал на неговиот изглед и впечатокот што го остава во јавноста, па затоа во 30-тите години на минатиот век Хитлер забранил многу негови фотографии кои ги сметал дека се “под неговото достоинство”.
Некои од тие фотографии сепак завршиле во јавноста и тоа благодарение на војникот Алф Робинсон кој во една куќа срушена во бомбардирањето во Германија пронашол книга без корици. Тогаш одлучил да ја понесе со себе и да ја стави во својата колекција.
Тоа била книга со пропаганден нацистички материјал наречен “Германија се буди”, создадена од авторот Балдур фон Ширах во 1930 година.
Во книгата има прикажано неколку фотографии на Фирерот со деца и коментари од типо: “Младите го сакаат”. Децата се обидуваат да му се приближат и да му подарат цвеќиња.