Снегот заврна и на Хаваи покри делови од оваа американска тропска држава.
Снегот во некои делови, достигна и до 90 центиметри. Метеоролозите објаснуваат дека не е необично да падне снег на Хаваи, но дека е навистина ретко да наврне толкава количина.
Снегот најмногу го има на високите планински врвови Мауна Кеа и Мауна Лоа а се очекуваат уште врнежи.
Мауна Кеа инаку значи Бела планина, а двата врва се на околу 4.250 метри надморска висина.