Крис Нортон од Ајова пред 5 години добил тешка повреда на рбетот за време на фудбалска утакмица, па останал целосно неподвижен.
Повредите биле толку големи што лекарите му рекле дека постојат само 3% шанси повторно да оди.
-Можев да ја мрдам само главата, едвај. Лекарите ме отпишаа и единствената поддршка ја најдов во верата и во мојата фамилија – вели Крис.
Потоа во 2013 година за време на посета на пријатели на Универзитетот на Ајова, ја запознал Емили Самерс и од тогаш се се променило.
-Знаев дека тој е љубовта на мојот живот. Мислам дека и тој брзо сфати. Некако го вративме на физикална терапија и сите заедно му помагавме да вежба. Успеавме да го вратиме на нозе. Се се’ можи кога се сака – изјавила неговата девојка.
Крис и Емили сега се верени. Со нејзина помош тој брзо се вратил на факултет, започнал да учи и се подготвува да дипломира, бидеќи желбата му е дипломата да ја прими стоејќи, пишува Today.
Ф.Г.