ФОТО+ВИДЕО: Прилеп ќе добие фабрика за рециклирање на отпад

Кај депониjата Алинци во Прилеп наскоро ќе никне првата фабрика за секундарна селекција на отпад во Македонија. Веќе се расчистува теренот каде треба да се гради фабриката. Вкупната инвестиција за овој проект планирано е да изнесува околу 60 милиони денари.

fabrika-1-640x359

Фабриката се планира да прерасне во еден модерен комплекс поврзан со заштита на животната среднина кој ќе овозможи селекција на отпадот, подобрување на еколошките аспекти на целиот регион како и нови вработувања.

fabrika1-640x358

Линијата за секундарна селекција на отпадот ЈКП „Комуналец“ од Прилеп ја набави уште во 2013 година. Таа линија е со капацитет за преработка на 150 тони отпад во текот на 24 часа. Во општина  Прилеп  во просек се собираат околу 90 до 100 тони отпад дневно. Остатокот за потребите на линијата ќе се надополнуваат со селекција на отпадот од депонијата Алинци.

fabrika2-640x360

Покрај халата ќе се гради и големо плато за сместување на рециклирачките материјали. Планирано е во оваа фабрика да се преработи целото ѓубре од депонијата и за 5 до 6 години депонијата да биде целосно затворена и рекултивирана.

FABRIKA44-640x427

Инаку отворањето на оваа линија за секундарна селекција на отпадот според плановите треба да отвори околу 100 нови работни места.

fabrika3-640x360

По завршување на оваа инвестиција, кај депонија треба да започне и изградбата на компостара за биоразградлив отпад каде ќе се произведува компост. Според плановите овој проект треба да се реализира до крајот на 2018 година.

ssss

Претходно за да се реализираат овие две инвестиции, изградба на халата за селекција и изградба на компостарата, ЈКП „Комуналец“ откупи приватно земјиште што се наоѓаше до депонијата во висина од 3.500.000 денари.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.