Среде бел ден кога низ сообраќајот во Прилеп тешко се поминува, особено во центарот на градот, специјализирана машина ги црташе коловозите.
На ова со прашалници во главите гледале сите случајни минувачи, вели наш читател кој ни ги испрати фотографиите.
Вакви комични ситуации во Прилеп деновиве колку и да сакаш. Па така пред неколку дена новото возило за чистење на улиците, наместо да чисти ги валкало улиците. Наши читатели ни испратија фотографии и од тоа.
Нешто слично се случуваше и пред повеќе од месец дена, кога возила за чистење на улиците ширеа облаци со прашина.