(Фото+Видео) Пожртвуваноста на прилепчани пред 8 години го спаси древното светилиште – Во пресрет на утрешниот празник се сеќаваме на херојското дело

Поминaa oсум години од страшните пожари кои го зафатија регионот на Прилеп и прилепско, пожари кои нанесоа големи штети, пеплосувајќи големи површини со шума, но и викендици и земјоделски површини.

Од повеќето пожари кои беснееа во околината на Прилеп, најстрашен тогаш се чини беше оној во близина на манастирот Успение на Пресвета Богородица – Трескавец, древното светилиште на прилепчани.

Пожарот во неколку наврати опасно се закануваше да го проголта и целиот манастир, но храброста, истрајноста и сплотеноста на голем број доброволци, како и дежурствата цели 24 часа во денот, го спасија манастирот кој според некои извори датира од 14 век.

Прилепчани бестрашно се спротиставија на високите огнени јазици кои голтаа се пред себе. Огромен број на доброволци се јавија на повикот на општината, која тогаш беше предводена од Марјан Ристески, и заедно со пожарникарите од ТППЕ Прилеп, се бореа со пламените јазици.

Градоначалникот на Општина Прилеп, Марјан Ристески постојано ја следеше ситуацијата на терен и беше присутен на лице место, исто така лично апелираше до Министерството за внатрешни работи, да се пронајдат сторителите одговорни за пожарите околу Прилеп, при што беше уапсено едно лице.

Огнот ден стивнуваше, ден се распламтуваше… Жариштето не мируваше и постојано се јавуваа нови опасности.

За среќа кој средината на месец август 2017 година, пожарот беше ставен под контрола, а прилепчани успеаа да го заштитат манастирот од огнот, кој во неколку наврати дојде до самите ѕидини и порти.

Решителноста да се заштити нешто вредно, нешто историско, да се заштити една од првите лулки на христијанството во Македонија, овозможи и оваа година, на денешниот голем празник, илјадници верници да го посетат Трескавец.

Пожртвуваноста на прилепчани кон својот највреден Божји дом е за секоја пофалба!

Ристески како градоначалник подоцна ги одликуваше сите доброволци и пожарникари кои помогнаа во гаснењето на пожарот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.