Со спектакуларен огномет, топли пијалоци и настапот на групата Белинда и Шило и диџијското трио „The Mode“, Прилеп ја прослави и ја доечка Новата 2107 година на плоштадот „Методија Андонов Ченто“. Градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески со желби за здравје, бериќет и просперитет на прилепчани им ја честита Новата 2017 година.
- “Новата 2017 година нека Ви донесе здравје, среќа и успех, како на личен така и на и деловен план. Да имаме стабилна политичка клима и развој на Прилеп со многу инвестиции и нови вработувања” – порача градоначалникот, Марјан Ристески.
На новогодишната ноќ, градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески ги посети и дежурните служби: итната медицинска помош, им поска среќна нова, на противпожарнате дежурна единица и на војниците во касарната „Мирче Ацев”, како и на дежурните екипи на полицијата.
Новогодишната ноќ во Прилеп измина мирно со неколку интервенции на лица во алкохолизирана состојба, без сериозни последици.