„Ќерката на Путин, Екатерина Тихонова е омажена за милијардер. “
Андреј Акимов, заменик директор на Газпромбанка, тврди дека е лажен извештајот на Ројтерс од вторникот, во кој што тој наводно кажал дека Екатерина Тихонова, заменик проректорот на московскиот универзитет, е ќерка на Путин.
Екатерина Тихонова води проект именуван како “Иннопрактика” со кој што им се помага на младите научници, а ги спонзорира “Газпромбанк”.
-Знам дека тоа е ќерка на Путин. Но секако, одлучивме да ги поддржиме проектите на универзитетот во Москва без оглед на роднинската врска, рекол Акимов, а пишува „Ројтерс“.
-Акимов беше изненаден и збунет кога го прочита извештајот во Ројтерс во кој што му се препишува изјавата дека водичот на “Иннопрактика”, госпоѓата Тихонова, е наводно ќерка на претседателот на Руската Федерација. Тоа не е вистина, стои во соопштението на Газпромбанка.
Ројтерс сепак стои зад своите вести.
-Нашата проценка за она што го кажал Акимов е точна и Ројтерс стои зад своите стории. Ројтерс во својот извештај се занимава и со улогата на Екатерина Тихонова и подемот на втората генерација на руската елита која што е поврзана со рускиот претседател, изјавил портпаролот на новинската агенција.