Викендов голем број туристи го посетија Дојран. Топлото време го наполни Дојран, илјадници туристи решија да го искористат убавото време и да се разладат во водите на Дојранското езеро.
И покрај забраната за капење издадена од Институтот за јавно здравје, голем број туристи се одлучија да влезат во водите и да се разладат, а коментарот меѓу сите беше речиси идентичен: Водата во езерото никогаш не била почиста и поубава!
Телевизијата Канал 5 објави видео со изјави од туристи што викендов беа во Дојран, проследете ги нивните изјави:
Како што може да се забележи на видео снимките и на фотографиите, во езеротомеѓу најбројните беа токму најмладите.
Родителите без никаков страв им дозволуваа на дечињата да се бањаат, сигурни дека водата во езерото е безбедна за нив. Голем број посетители и капачи во езерото може да се забележат и на снимката со дрон од крајбрежјето.
Големиот број туристи беа задоволни како од плажите така и од ниските цени достапни за сечиј џеб.
За разлика од минатите години, годинава може да се забележи уште поголема организираност и уреденост на плажите. Дојран со секоја година е се поподготвен за големиот број туристи кои одлучиле да дојдат и да уживаат во овој туристички центар во Македонија.
Инаку, годинава Дојран како град на културата ќе биде домаќин на голем број културни манифестации и настани, а централен настан се очекува да биде фестивалот Д-Фест што ќе се оддржи следниот викенд и кога се очекува уште поголем број на туристи.