Поголема група граѓани вечерва во Прилеп се собра во центарот на градот во знак на протест против договорот за промена на државното име.
Прилепчани најпрво маршираа по булеварот “Гоце Делчев” до споменикот “Карпалак”, а потоа протестираа пред општинската зграда и општинската организација на СДСМ Прилеп.
Тие извикуваа “Предавници, предавници….”, пееа патриотски песни и кажаа дека нема да прифатат промена на државното име.
Пред општината беа запалени и контејнери.