Најдобриот кошаркар на сите времиња легендарниот Мајкл Џордан со приход од фантастични 1,7 милијарди долари , стана најплатениот спортист во светот во историјата.
Според истражувањата на магазинот Форбс, Џордан благодарејќи и кошаркарската кариера и спонзорските договори заработил огромни 1,7 милијарди долари.
За време на 15- годишната кариера во НБА лигата летечкиот Џордан заработил 93 милини долари , останатиот дел од приходите му ги донеле многуте спонзорски договори.
На втората позиција на листата на најплатени светски спортисти на Форбс е голферот Тајгер Вудс со заработка од 1.65 милијарди долари во кариерата во која освои 14 големи турнири.
Починатиот играч на голф Арнолд Палмер со 1,35 милијарди долари е третиот најплатен спортист на светот во историјата.
Интересно на меѓу 20 најплатени светски спортисти на листата на Форбс 13 се Американци и на листата нема ниту една спортистка.