Фонтаната на плоштадот “Александрија” во центарот на Прилеп, наспроти Комерцијална Банка, се расипа. Вода грга на сите страни, граѓаните бараат итна реакција на надлежните да се исклучи фонтаната или да се поправи – oбјави порталот “Инфо Компас”.
Синоќа пак наши читатели ни испратија видео од фонтаната кај катната гаража, која исто така неколку дена прави вирови по улицата.
За неразумното трошење на водата информиравме и во изминатите денови кога граѓаните забележаа слични појави во центарот на градот.