Фондацијата Елена Лука објавува оглас за поддршка на самохрани мајки

6834-javen-oglas-960x600-1

Фондацијата Елена Лука објавува оглас за самохрани мајки за поддршка за започнување на сопствен бизнис или проширување на веќе постоечкиот од следните општини: Скопје, Прилеп, Штип, Радовиш, Кавадарци. Во рамки на проектот ќе бидат поддржани 5 самохрани мајки со по 100.000 денари.

 

Јавен оглас за самохрани мајки 

Заинтересираните самохрани мајки се поканети и охрабрени се пријават на јавниот оглас за добивање на неповратна поддршка во износ од 100.000 денари.

  1. Критериуми за аплицирање
  • Самохрани мајки кои сакаат да започнат сопствен бизнис или да го унапредат веќе постоечкиот;
  • Самохрани мајки со деца на возраст до 26 години;
  • Државјани на Република Македонија
  1. Опис на поддршката

Поддршката ќе се состои во набавка на техничка опрема, материјали за работа или обезбедување обуки.  Краен рок за аплицирање е 08  мај 2017.

  1. Процедура и рок за аплицирање

За сите прашања или информации за потребните документи за аплицирање на повикот можете да се обратите на долунаведените соработници:   Скопје – Благородна Шопова, 071 207 090, [email protected]; Прилеп – Зоран Илиески, 078 470 400, [email protected] Штип – Снежана Санева, 078 472 707, [email protected]; Кавадарци – Билјана Ташева , 075 250 997, [email protected]; Радовиш – Иванка Соколова, 070 227 917, [email protected];

Сите податоци вклучени во поднесените документи ќе се сметаат за доверливи.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.