ФК ПОБЕДА ДОБИ НОВ ТРЕНЕР

Како што дознаваме, после низата од четири порази, на тренерското столче во Победа доаѓа нов тренер.

Според информации од клубот, местото на Тони Мегленски ќе го заземи досегашниот спортски директор на клубот, Јане Николоски.

Николоски исто како и Мегленски е поранешен репрезентативец на Македонија. Играчката-голманска кариера ја започнува во Победа, а во својата долга и успешна кариера настапувал за: Славија Софија (Бугарија), Персеполис (Иран), Славен Белупо (Хрватска), кипарските АПОЕЛ и АЕЛ Пафос, а во Македонија ги бранел боите на шампионскиот тим на Слога Југомагнат, Напредок, Пелистер и Преспа.

Николоски има забележано 28 натпревари за А репрезентацијата на Македонија.

Тренерската кариера ја започнува во матичниот клуб ФК Победа во јануари 2014 година, по што застанува на кормилото на прволигашот Турново.

Од јануари 2018 година ја извршуваше функцијата Спортски директор на ФК Победа. Јане Николоски исто така поседува УЕФА ПРО лиценца.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.