Ако може да му се верува на англискиот портал “Спорт Бајбл”, ФИФА- на идеа на претседателот Џани Инфантино, оформиле група на поранешни играчи кои имале задача да го промовираат Мундијалот во Русија.
Во групата наречена “Легенди” се наоѓаат Марадона, Бразилецот Роналдо, Ето, Касиљас, Пујол, Чави. На сите им е платен престојот во Русија, патот и останати трошоци. Англискиот портал тврди дека Марадона добива 10.000 фунти или 11.300 евра, но не се потврдува дека однесувањето на фудбалската легенда е дел од договорот.