Швајцарските репрезентативци Гранит Џака и Џедран Шаќири се казнете со вкупно 20.000 франци, додека капитенот Стефан Лихштајнер е казнет со 5.000 франци, поради непримерното радување на мечот со Србија.
Албанците во швајцарската репрезентација Џака и Шаќири во прославата на головите се обидоа да ги провоцираат српските репрезентатици, а во “забавата” им се придружи и Лихштајнер.
Ова значи дека триото ќе може да игра во среда вечер на утакмицата од последното коло од Група Е против Костарика.
Иако се очекуваше овие фудбалери да добијат построга казна, ова е конечната одлука на ФИФА.