Жители на крајбрежно село во Финска се уплашиле и помислиле дека некој има ја напаѓа државата кога забележале голем број вооружени војници како се движат во формации.
Сепак, утврдено е дека била збунета само финската армија која требало да изврши вежба, но го промашила островот.
И, не само што по грешка успеале по грешка да влезат во Камполмен, туку и не ги известиле локалните жители дека ќе има какви било вежби, објави Дејли меил.
Локален жител изјави дека голем брод се вкотвил во близина и војници вооружени со пушки почнале да излегуваат на брегот носејќи и ранци. Тој успеал со својот брод да отплови и да повика безбедносни служби за да ги извести за непријателите.
Сепак, било утврдено дека во прашање е само пролетна вежба на финската војска.
Официјален претставник од армијата изјави за локални медиуми дека Камшолмен воопшто не бил планиран како локација за вежби, наведува Дејли мејл.