На првиот турнир Здравје Радово во младинска конкуренција кој се бодува за влез во младинска репрезентација на Македонија, пингпонгарите на Младост96 oд Прилеп, Александар Рикалоски и Дамјан Стојчев, постигнаа одлични резултати. Александар Рикалоски стигна до финалето, но не успеа да го совлада одличниот играч на ППК “Универзитет Гоце Делчев”, Петар Костовски, додека пак Дамјан Стојчев беше петти. Успехот е уште поголем ако се знае дека Стојчев сеуште е пионер, а Рикалоски ја игра првата младинска сезона. До финалето Рикалоски стигна со претходни пет победи. Во 1/4 финалето победен беше Глигоров од ППК “Ѓорче Петров”, а во 1/2 финале подобар беше од Костадиноски од ППК “Гоце Делчев” од Штип. И двајцата беа лански репрезентативци во младинци,и беа победени со ист резултат од 4-3. Овој успех покажа дека ППК Младост96 и оваа година во поединечните првенства ќе атакува кон шампионски титули и свои претставници во репрезентацијата на Македонија. За потсетување на екипното младинско првенство за сезона 2015/16, ППК Младост96 беше вице шампион.