Екипите на АСП ПАК од Охрид – ТЕА АНДРЕА/ХАЈВ КАФЕ од Прилеп, вечерва требаше да се сретнат во финалето на традиционалниот Светиниколски турнир во мал фудбал, но финалниот натпревар не се одигра, откако дел од екипата од Охрид доживеа сообраќајна несреќа доаѓајќи кон Прилеп.
Организаторите во договор со екипата финалист од Прилеп, и двете екипи ги прогласија за победници, а одлуката беше проследена со аплауз од публиката.
Според организаторите фудбалерите кои вечерва доживеаја сообраќајна несреќа не се тешко повредени и моментално им се укажува медицинска помош.
Како што дознава Маркукуле, сообраќајната несреќа се случила околу 21 часот пред населеното место Тополчани, каде од патот излетале две возила, а интервенирале и екипи од противпожарната единица.
Засега нема точна информација колку лица се повредени и во каква состојба се наоѓаат.
























