На Државниот филмски фестивал на аматерски филм кој се одржа во театарот “Антон Панов” во Струмица, прилепчани ги собраа речиси сите награди.
Краткометражниот филм “ТРИ” во режија на Мартин Пресилски, камера на Петар Кироваков и авторска музика на Иван Јованоски, ги освои првите три награди на фестивалот.
-Со чисто срце, креативна екипа и многу позитивна енергија до нови моменти признанија и награди! Нашиот краткометражен филм “ТРИ” ги освои првите три награди на државниот филмски фестивал на Македонија.
Прва награда за камера на Петар Кироваков
Прва награда за авторска музика на Иван Јованоски
Со што патот на делото продолжува на меѓународно ниво нa престижниот филмски фестивал UNICA кој ќе се одржи наредната година во Локарно, Швајцарија – напиша на ФБ режисерот на филмот Мартин Пресилски.
За успехот и енергијата исто така се заслужни и: Благоја Чаески, кој го дизајнираше филмскиот постер и Бојан Трајкоски, кој е асистент на монтажа.