Министерот за здравство Венко Филипче во вечерашното гостување на телевизија Телма ги отфрла обвинувањата за незаконско работење со офшор посредниците за набавување вакцини од Кина.
– Обвинувањата од опозицијата се во континуиетет. Сметам дека луѓето сакаат да ги пресликаат работтите што тие ги правеа. Таков начин како што имаше во времето на ВМРО-ДПМНЕ, сега нема.
После иницијалните обиди да стигнеме до прозводителите и не успеавме, од нашите кинески компании тука добивме препорака како да стигнеме до произвоидтелите. И стигнавме до нив, разговаравме и за количините и за времето на транспорт.
После известувањето на тамошното министерство ни беше укажано дека не е тоа патот по кој треба да се оди и ние тоа го испочитувавме.
Какви провизии кога ние сме направиле уплата и таа е вратена. На опозицијата и смета тоа што ние навистина работиме и добро сработуваме, смета Филипче.