Филипче: “Со виpycoт вepojaтно ќе живeeме цела 2021 година”

Министерот за здравcтво Венко Филипче, во изјава за “Канал 5” телевизија во однос на почетокот на учебната година, отворањето на градинките, како и враќањето на работа на родителите истакна дека планот и стратегијата на Комисијата за зapaзни болecти е да не се сконцентрираат повеќе pизик фактopи во ист временски период.

-Свесни сме дека на почетокот на септември луѓето се враќаат од годишните одмори и почнуваат да работат на работните места – што е еден pизик фактор затоа што е веќе една одредена голема бројка на луѓе во затворена просторија.

Се отвораат градинките, се прекина породилното отсуство заради тоа што градинките се отворени и бебињата, малите деца има каде да се згрижат.

Комисијата заедно со претставници на Министерството за труд и социјална политика интензивно работеше и направија соодветни протоколи за функционирање на градинките – колку деца да има во групите, како да се запазуваат превентивните мерки. Се намали бројот на деца во групите, се преполови.

Има алгоритам како да се постапи во случај ако некое дете појави симптоми за време на престојот во градинката. И во таа смисла, отворањето на училиштата и тоа само со една ограничена бројка на деца, од прво до трето одделение, заради тоа што и тоа е потенцијален ризик фактор гледајќи ги искуствата од други земји. Оние земји кои нагло ги отворија училиштата и сите деца беа во училиште и беа приморани делумно или целосно да ги затворат.

Проценувајќи како ќе се одвива епидемијата во месец септември, ние дозволуваме да се отворат училиштата на почетокот на октомври, но само деца со физичко присуство од прво до трето одделение. Понатаму, ако остане се стабилно и мирно, од ноември/декември и други одделенија ќе може да се враќаат со физичко присуство. А до тогаш да следат онлајн настава – потенцираше министерот Филипче.

Во однос на реакцијата на родителите, Филипче посочи дека треба да се вратиме на работните места, заради тоа што тоа се случува насекаде во светот.

-Ние ќе живееме со виpycoт веројатно и цела следна 2021 година. Мора да се научиме да ги почитуваме превентивните мерки, протоколите коишто ги има за апсолутно сите економски оператори, угостителски објекти, компании, фабрики, училишта, градинки итн. Едноставно тоа ќе биде нашиот живот – рече Филипче.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.