Министерот за здравство д-р Венко Филипче вчера посетил дел од економските оператори кај кои ќе се чува вакцината за Koвид-19.
“Подготвена е инфраструктурата за чување и дистрибуција на вakцината пpoтив Koвид 19. Денеска посетив дел од економските оператори кај кои ќе се чува вакцината за Koвид 19. Станува збор за дистрибутери кои веќе работат на оваа поле односно вклучени се во постојаниот систем на вакцинација, во делот што се однесува на складирање и дистрибуција на други вакцини од имуниолошкиот календар на Министерството за здравство. Операторите во своите постоечки капацитети имаат комори и ладни соби од 0 до 8 степени целзиусови, како и фрижидери до -20 степени целзиусови, како и возила со ладилници како би го запазиле „ладниот синџир“ при дистрбуција на вакцините. Дополнително Министерството за здравство операторите ќе ги снабди со фрижидери до-70 степени целзиусови”, напиша Филипче на Фејсбук.