Филипче: Мерките нема да се олабават пред да завршат празниците

Нема олабавување на рестриктивните мерки, кои се во сила за заштита од ковид-19, пред да поминат празниците, вели министерот за здравство Венко Филипче.

Според него, логично е барањето на угостителите да им се врати работното време до 23 часот, но последниот збор за тоа, како што вели, ќе го има Комисијата за зapaзни болecти.

„Ова скратување на времето, кое беше донесено минатиот месец, рековме дека ќе биде до 21 јануари кога практично завршуваат прославите и верските празници и тогаш по автоматизам се враќаат на работното време до 21 часот. Но, ќе го разгледаме барањето и за дополнителни два часа. Што и да важи како ослободување на мерките, секако ќе биде после 21 јануари“, рече Филипче при вчерашната посета на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство-Скопје.

Владините рестриктивни мерки, меѓу кои беше и скратувањето на работното време на угостителските објекти до 18 часот, стапија во сила на 18 декември 2020 година.

Нивната цел е да се спречи ширењето на ковид-19 и зголемувањето на бројот заболени за новогодишните и божиќните празници. Важноста на мерките престанува на 21 јануари




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.