Филипче: „Доста ми е од политика, се враќам на мојата професија

Министерто за здравство, Венко Филипче во изјава за ТВ24 истакна дека веднаш по завршување на владината реконструкција, односно изборот на новата Влада, тој ќе се врати на сојата основна професија на Клиниката за неврохирургија.

„Ова беше едно големо искуство, но доста е од политика – се враќам на мојата основна професија како неврохирург во Клиничкиот Центар“, изјави Филипче.

На прашање на телевизијата дали размислува за амбасадроско место или друг анкажман во политиката, вели дека такво нешто не е опција, и засега не размислува во таа насока.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.