Фејсбук работи на опција за спречување самоубиства

Фејсбук најави нова алатка за превенирање на самоубиства, вклучувајќи и нова опција со која корисниците ќе може да пријават лица кои преку статуси или преку пренос во живо се закануваат дека ќе си го одземат животот.

facebook

Тоа ќе функционира така што неговите пријатели кои ќе го забележат неговото необично однесување, ќе можат веднаш да го пријават до Фејсбук, а оттаму со итна дојава до надлежните органи да се обидат навреме да го спречат самоубиството.

Во опциите за пријава ќе стои и телефонски број за итна помош при вакви случаи.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.