Фејсбук од сега ќе ја препознава и облеката која ја носите

facebook

Алатката на фејсбук за пребарување ќе стане помоќна – особено од визуелна страна на приказната.

Оваа социјална мрежа планира да имплементира надоградба за системот кој препознава елементи на сликите и ги распоредува во категории, независно за тоа кој корисник рачно ги означил..

Оваа социјална мрежа за скоро време во резултатите на пребарувањето ќе  може да даде одговор на прашања  од типот: кој носел црна маица или јакна.

“Оnline пребарувањето до неодамна се потпираше само на текстуална технологија – дури и кај фотографиите, се до сега”  , наведува Жоакин Кандела.

Играат ли луѓето на фотографијата, каква облека носат, дали се насмеани – се само дел од прашањата кои ќе може да се постават.

Ф.Г.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.