Сопственикот на Фејсбук и Инстаграм ќе лансира услуга за платена претплата која ќе им овозможи на корисниците да ги потврдат своите сметки, меѓу другите функции, објави извршниот директор Марк Цукерберг.
Meta Verified ќе биде „услуга за претплата што ви овозможува да ја потврдите вашата сметка со лична карта, да добиете сина значка, да добиете дополнителна заштита од кражба на идентитет од сметките кои тврдат дека сте вие и да добиете директен пристап до поддршката за корисници,објави Цукерберг.
Цената на услугата за Meta Verified ќе чини од 11,99 долари месечно на веб или 14,99 долари месечно на iOS.
Тој додаде дека опцијата ќе биде лансирана оваа недела во Австралија и Нов Зеланд, а наскоро и во повеќе земји.