Фејсбук воведува сопствени дигитални пари: Ангажирани десетици финансиски компании и онлајн трговци да го започнат системот

Фејсбук планира да воведи сопствен систем заснован на криптовалути кој би поттикнал милиони свои корисници да го користат.

Во системот би се користеле дигитални пари слични на биткоин, но сепак Фејбук би настојувал да ја одржи стабилноста на вредноста на својата валута за разлика од “биткоинот” и сличните криптовалути чија вредност е подложна на нагли промени.

Новиот систем ви можел наводно да ја “поткопа” употребата на кредитните картички.

Во извештајот на “Волстрит”, кој се повикува на анонимни извори кои се запознати со ова прашање, се вели дека од Фејсбук веќе се ангажирани десетина финансиски фирми и “онлајн трговци” да го започнат системот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.