Фејсбук ве прислушува преку мобилниот телефон

fejbuk

Професорката Кели Барнс од Универзитетот на Јужна Флорида тврди дека во Фејсбук всушност постојано ги слушаат сите разговори на сите нивни корисници.

Таа тврди дека вработените во Фејсбук користат мобилна апликација и дека преку телефонот на корисникот дознаваат за што разговара. Од Фејсбук, пак, велат дека нивната мобилна апликација навистина „наслушнува“ што се случува околу неа, но само за тоа што луѓето разговараат, слушаат или гледаат да може да им го предложат како објава на Фејсбук.

Таа опција е достапна веќе неколку години, но доби внимание во јавноста дури откако професорката Кели Баркс од Универзитетот во Јужна Флорида укажа на тоа. Рече дека не и се чини дека апликацијата ги прислушува корисниците само за да им помогне, туку ги прислушува нивните расправи за да им понуди релевантни реклами. Таа ја тестираше нејзината теза така што на одредени телефони разговарала во близина на нејзиниот телефон, а по ова на Фејсбук забележала огласи на таа тема.

Тврдењето на Барнс се сложува со тезата дека Фејсбук ги искористува корисниците за да заработи на огласувачи. Кога се појавија овие тврдења во 2014-тата година од компанијата рекоа дека телефонот „не прислушува секогаш“ и дека разговорите не се снимаат. И на нејзината страница велат дека не ги снимаат разговорите, но дека ги користат за да сфатат што се случува во близина на телефонот. Иако засега е достапна само во САД, оваа опција ја промовираат како едноставен начин на споделување на содржините што ги гледате или ги слушате.

Доколку успешно препознае за што се работи, покрај содржината ќе биде прикажана малата борјка „1“ на која корисниците може да кликнат и на тој начин да ја споделат содржината. Сепак оваа опција може и да се исклучи.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.