Синоќа, во ЦК „Марко Цепенков“ се одржа вториот фестивал на руската дијаспора „Јубилејна Русија“ преку кој се пренесоа значајни јубилеи на оваа држава.
Во убава атмосфера настапија рускиот вокален ансамбл „Чајка“ и составот Славјанка. Публиката уживаше, а фестивалот го поздравија градоначалникот Марјан Ристески и Артем Руманцев како претставник на Амбасадата на Руската федерација во Макеоднија.
Во рмаките на фестивалот во ликовниот салон беше поставена изложба на детски цртежи и ракотворби..
Фестивалот е поддржан од општина Прилеп, Амбасадата на Руската федерација во Македонија и од Управата на градот Москва.
[Best_Wordpress_Gallery id=”366″ gal_title=”Русија”]