Во Киното Мис Стон синоќа во преполна сала беше отворено 12 издание на Фестивалот на новиот германски филм, што ЦК,,Марко Цепенков,, го реализира во соработка со Амбасадата на Германија во Македонија. На отворањето говореа градоначалникот Марјан Ристески, кој ја потенцираше добрата соработка со Германија на сите полиња и Хелга Тајпеј аташе за култура во Амбасадата на СР Германија во Македонија, која истакна дека соработката со Центарот и општина Прилеп е на високо ниво, заблагодарувајќи се при тоа на големиот интерес за посета на фестивалот, кој започна со трагикомедијата ,,Мед во главата,, во режија на Тил Швајгер, филм што ја добил германската филмска награда за 2015 година, како и специјалната награда за најпосетен филм.
Годинашниот фестивал е под мотото,, Сакам филм,, а деенска и утре во Кино мис Стон ќе бидат прикажани уште пет филмови – трагикомедии, комедии драми, историски драми и еден филм за деца.