Утре започнува четринаесеттото издание на Пиво Фест во Прилеп. Градот е подготвен во четирите фестивалски денови да пречека и да угости повеќе од 350.000 гости.
Вечерва блесна во полн сјај и фестивалската сцена, а штандовите веќе се поставени. Одлична атмосфера и фестивалско раположение се чувствува насекаде.
Прилеп ве очекува на највкусната скара, различен избор на пиво и забава каква што има само во градот под Марковите Кули.
А.Г.