Пратениците во Собранието на денешната седница го изгласаа под скратена постапка Предлог – законот за ратификација на Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 година и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните, кој како единствена точка беше на денешната седница.
Зад овој Закон се крие Договорот помеѓу Македонија и Грција за преименување на државата.
69 пратеници гласаа “ЗА”, а 40 беа против ваквото донесување на овој Закон.
Помеѓу пратениците кои гласаа против овој Предлог Закон беше и пратеникот од владеачкото мнозинство, професорот Ферид Мухиќ.
Мухиќ во неколку наврати претходно го истакна својот став дека е против договорот со Грција.