Феноменот наречен РУСКИ ХУЛИГАНИ: Путин ги поддржува затоа што ја покажуваат силата на нова Русија

rusija-huligani-696x398

На руската репрезентација и се закануваат казни поради однесувањето на нивните навивачи кои тврдат дека тоа нема да ги запре.

Британскиот весник Daily Mail објави неколку текстови во кои се занимава со анализа на руските хулигани, кои во последните неколку денови прават нереди во Франција, каде моментално се одржува Европското првенство во фудбал.

Весникот констатира дека една од специфичностите на руските навивачи е нивниот изглед, кој е значително пострашен од оној на Англичаните, на кои особено им се нафрлија. Руските ‘ултраси’ ги опишува како мускулести, истетовирани, припремени за борба и мотивирани со национализам.

Весникот забележува дека руските хулигани делуваат како навежбан тим составен од крволочни снажни момци, кои не ги интересира фудбалот, туку желбата да ја демонстрираат силата на новата, засилена Русија.

Еден од руските навивачи кој учевствувал во крвавите тепачки во Марсеј се огласил на својот Twitter профил. Тој вели дека Руските се ‘број еден’ и дека Анличаните не им можат ништо. Исто така напишал и дека ним тепачките на мечевите им се на прво место, со цел да ја покажат големината на својата држава.

Овие навивачи после тепачките често објавуваат слики на кои англиските знамиња ги држат наопаку, со цел да ги понижат своите противници.

Daily Mail исто така објавува дека руските ултраси имаат поддршка од Владимир Путин. Со оглед на тоа дека Русија е домаќин на Светското првенство во фудбал во 2018 година, новинарите на овој весник се прашуваат, какви нереди ќе има тогаш.

A.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.