Стигна до голем јубилеј од 100 гола во Серија А и стана единствен Македонец со таков подвиг во топ 5 лигите во Европа.
Иако најави дека после оваа сезона и Европското првенство ќе замине во педнзија, денеска се појавија шпекулации дека останува уште една сезона во Џенова, а на клупата ќе седне селекторот на Македонија, Игор Ангеловски.
Што и да се случи Пандев е еден и единствен и тешко денеска некој друг Македонец ќе ги стигне неговите бројки.
Во продолжение погледнете го видеото кое го подготви Мартин Пресилски од Прилеп, за тековната сезона и влегувањето во топ 100 листата во Сериа А.