Долго време беше отсутен од терените, а откако се врати Несторовски главно е на клупата за резерви во Удинезе.
Медиумите во Италија изминатиот период шпекулираат и го поврзуваат неговото име со трансфер во Виченца, Лече, Кротоне, Монца…, но се чини најблиску до потпис со популарниот “Нестор гол” е фенерџијата во Сериа А, Салернитана.
Клубот од југот на Италија е новајлија сезонава во најелитното фудбалско друштво, а во досегашниот дел од сезоната имаат постигнато само 13 погодоци.
Информациите велат дека Салернитана ќе побрза и ќе се обиде да го доведе Несторовски уште во зимскиот преоден рок.