Фекалии со денови течат по целата улица “Мечкин Камен” во Прилеп: На летната жега граѓаните ги мачи неподнослива миризба? (ФОТО)

Цели 9 дена фекалии кои шират неподнослива миризба течат по улицата “Мечкин Камен” во Прилеп, велат граѓаните на оваа улица кои ни ги испратија фотографиите.

Улицата се наоѓа веднаш над ООУ “Гоце Делчев”, a фекалиите се протегаат дури до кружниот тек.

Граѓаните на оваа улица велат дека миризбата е неподнослива, а од ЈКП Водовод и канализација само го обележале местото.

Апелираат дефектот итно да се санира, затоа што во услови кога надвор температурите достигнуваат 35 степени, ваков проблем го прави движењето по улицата неподносливо.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.