На 03.04.2023, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола и Полициската станица од општа надлежност Битола го лишиле од слобода Б.А.(62) од с.Крклино, битолско.
При претрес во неговиот дом, извршен врз основа на наредба од Основен суд Битола, биле пронајдени и одземени предмети кои потекнуваат од кривично дело „тешка кражба”, кое го извршил во објект на приватна фирма во периодот од 01.04. до 03.04.2023.
Тој бил задржан во полициска станица, а предметите биле вратени на сопственикот. По целосно документирање на случајот, против Б.А ќе следува соодветна кривична пријава.