ФАТЕНИ ЖИВИ: МВР на Тошковски откри корумпирани полицајци кои ќе ,,летаат” од работа (ВИДЕО)

МВР на техничкиот министер Панче Тошковски фати корумпирани полицајци на граничниот премин Ќафасан кои земале пари за да помогнат на криминалци да влезат во Македонија.

Полицајците, ако се докаже вината на суд” ќе бидат избркани од МВР.

,,Ставаме крај на селективното постапување и ја засилуваме борбата против корупцијата и криминалот во полициските редови. Во таа насока, министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против две лица – полициски службеници од ПС за ГП Ќафасан поради постоење на основано сомневање за сторено кривично дело „Примање поткуп“.

Согласно сознанијата добиени врз основа на преземените оперативни активности од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, првопријавениот примил парични средства за да изврши дејствие кое не смеел да го изврши, додека второпријавениот му помогнал да не биде откриен, односно ги сокрил инкриминираните дејствија. Покрај кривичната пријава за лицата ќе биде поднесен предлог за отстранување од работните места.

Како министер секогаш ќе се залагам за одговорно работење и посветена борба против корупцијата, бидејќи нашите сограѓани заслужуваат професионална, одговорна и посветена полиција која ќе биде нивен сервис”, објави Тошковски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.