На 06.09.2023 на магистралниот пат Ресен – Прилеп, на место викано „Тунелот” во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола ги лишиле од слобода Е.Ј.(21) и А.А.(31), двајцата со престој во Битола.
Тие биле затекнати во возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал Е.Ј.(21), а совозач бил А.А., а кое било натоварено со огревно дрво без жиг и испратница.
Лицета биле задржани во полициска станица, а дрвата биле предадени на шумска полиција за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.