На 05.08.2024 во 12.55 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ја привеле Ј.Ч.(37) од Прилеп.
Таа била барана по централна потерница врз основа на наредба од Основен суд Прилеп за издржување казна затвор од три години за сторено кривично дело „измама“ по член 247 од Кривичниот законик.
Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната – информираат од СВР Битола.