Денеска (18.03.2022) во 09.30 часот во угостителски објект во Прилеп, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп ја лишиле од слобода В.В. – земјоделски инспектор во Државен инспекторат за земјоделие поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп” по член 357 од Кривичниот законик.
Таа била затекната при примање поткуп од 64.000 денари од лице од Прилеп, по што веднаш била лишена од слобода, а парите ѝ биле одземени.
В.В. била приведена во полициска станица и по целосно документирање и расчистување на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.