Изгледа дека Тотенхем оваа сезона сепак ќе заигра на новиот стадион. Отворањето се планира за почетокот на април и изгледа дека конечно се ќе биде подготвено.
Лондонскиот клуб потврди дека сите мали грешки кои биле направени за време на работењето се сега поправени и дека стадионот во целост е подготвен да организира натпревари.
Англиските медиуми синоќа беа во една мала турнеја на новиот стадион на Тотенхем кој изгледа навистина неверојатно.