Фалсификувани пари кружат низ Македонија, а најмногу во промет кружат банкноти од 500 денари. Банкнотите тешко може визуелно да се препознаат од обичните граѓани, па и од трговците.
Фалсификуваните банкноти може да се препознаат по квалитетот на хартијата која е потенка и помека и кај заштитната нишка која го нема жигот со број.
Очигледен е фалсификатот и со потписот на гувернерот, а фалсификуваните пари дури имаат и воден жиг.