Уaпceни 16 лица од прилепско за пустошење на шуми во Борула – 7 од нив биле малолетници

На 26.05.2022 на повеќе локации во Борула, прилепско е спроведена координирана акција по Оперативна акција “Гора” на СВР Битола-ОВР Прилеп – НККР, Одделот за криминалистичка полиција и Одделот за специјални полициски операции со поддршка на ЈП Национални шуми и внатрешна контрола на ЈП Национални шуми.

Од слобода се лишени И. А.(35), С. А.(58), А. З .(27) Д. А. (25), Н. М. (26), М. А.(24), А. А.(41), Ш. З.(41), П. К(42)сите од Прилеп, како и седум малолетници.

Одземени се шест патнички моторни возила кои беа натоварени со дрва. Исто така, одземени се и шест моторни пили, 15 коњи и дрвна маса од околу 45 метри кубни,кои се предадени на шумочуварската служба при ЈП” Национални шуми”, информираат од МВР.

По документирање на службениот материјал ќе биде поднесена кривична пријава до ОЈО Прилеп по член 226 “Пустошење на шуми” од КЗ на РСМ.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.