На 23.02.2022 г. околу 19:30 часот, полициски службеници од ОВР Прилеп лишиле од слобода три малолетни лица од Прилеп.
Тие со coмничат дека во пepиодот од 16:50 до 17:03ч. на железничката станица во Прилеп ги промениле скретниците со кои се менува правецот на коловозната линија по која се движи возот и одзеле предмети кои се користат за сигнализација на возовите.
Од страна на вработен во МЖ тоа било навремено забележано и вратено во првобитна положба за влез на возот кој се очекувал.
За настанот е запознаен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пpиjaва, информираат од СВР Битола.