УЈП на едукација со угостителите во Прилеп: Ќе нема милост кон никој ако не се почитуваат овие правила!

Во пресрет на манифестацијата „Пиво-фест 2025“, која ќе се одржи во Прилеп во текот на претстојниот викенд, од 18 до 20 јули 2025 година, претставници од Управата за јавни приходи (УЈП) реализираа едукативна работна средба со стопанствениците и со закупците на штандови кои ќе учествуваат на оваа манифестација.

На средбата на учесниците кои ќе вршат промет на добра и услуги им се укажа од потребата задолжително да:
📌користат одобрен фискален апарат и во доволен број
📌да го евидентираат остварениот промет за секоја фискална каса и најдоцна наредниот ден да го уплатат дневниот промет кај носителот на платен промет
📌да издаваат фискални сметки и на видно место да имаат истакнато соопштение со кое ги информираат купувачите за нивната обврска да бараат фискални сметки.

Физичките лица кои ќе вршат продажба на производи во периодот додека трае манифестацијата, потребно е да поднесат Барање за паушално плаќање на данокот од вршење на дејност од времен карактер, во подрачната единица на УЈП.
Управата за јавни приходи континуирано врши контроли на терен на цела територија на државата. За стопанствениците кои нема да издаваат фискални сметки или нема да ги почитуваат законските обврски, ќе бидат преземени соодветни мерки согласно Закон.

Со ваквите едукативни активности, УЈП ја продолжува својата заложба за унапредување на даночната култура, зајакнување на доброволното усогласување и градење партнерски однос со даночните обврзници. За сите кои имаат потреба од поддршка можат да се обратат на:

📧е – пошта: [email protected]
☎️фиксен: 0800 33 000
📱мобилен: 02/3253200




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.